Почитувани,

Распишан е повикот за трудови за првиот број на Археолошки информатор, списание кое МЕНЕЛАЈ – Прилеп започнува да го издава од оваа, 2017 година. 

Списанието Археолошки Информатор е печатено и електронско списание коешто публикува стручни трудови од областа на археологијата и конзервацијата на движното и недвижно културно наследство. Списанието излегува двапати годишно во електронски формат на веб страната на списанието informator.com.mk а печатеното еднаш годишно како двоброј.

Во списанието Археолошки Информатор, пред се, се публикуваат извештаи од археолошки теренски и кабинетско-лабораториски истражувања; прикази на значајни поединечни и група на наоди; извештаи од конзерваторски истражувања и конзерваторско-реставраторски работи; извештаи од рекогносцирања; рецензии и прикази на книги; рецензии и прикази на одбранети магистерски и докторски трудови; прикази на конгреси, симпозиуми и други стручно-научни собири, како и библиографии на колеги или на одредена проблематика.

 

кликни за „Повик за трудови“

кликни за „Упатства за авторите„