Културното наследство и културно-историските текови на територијата на Општина Кривогаштани
Ι
Предисторија и Антика
Почитувани колеги и пријатели, МЕНЕЛАЈ – Прилеп и Општина Кривогаштани имаат чест да ве поканат на фото-изложба и предавање на тема: „Културното наследство и културно-историските текови на територијата на Општина Кривогаштани: Предисторија и Антика“. Овој настан е во склоп на проектот на МЕНЕЛАЈ – Прилеп: „НАШЕ“, чии главни цели се актуелизација на културното наследство, зголемување на интересот и подигнување на колективната свест за неговиот значај, како основни превентивни мерки за негова заштита. Покрај примарните цели, проектот претендира да придонесе во збогатување на културниот живот во Општините каде ќе се имплементира, со што и збогатување и подигнување на животниот квалитет.
Свои излагања на настанот ќе имаат Мургоски Александар и м-р. Кебакоски Дејан.
Кривогаштани
Клуб на Пензионери
03.02.2016
17:30