Археолошкиот локалитет “Градиште – Бразда” се наоѓа на околу 15 км северно од Скопје, на понизок рид што го надвисува селото Глуво-Бразда. Според податоците добиени од досегашните истражувања, локалитетот е определен како утврдена населба од раноантичкото време, датирана од 5-ти до 3-ти век пред н.е, распространет на површина од 3,5 хектари, во тоа време бил најголемо утврдување во Скопската котлина.
Со откривањето на монументалното архитектонско здание, т.н “Владетелска гробница”, во 1986 год локалитетот Градиште добива значајно место во археолошката и пошироката културна јавност. Раскошната изведба на објектот, со пристапен ходник – дромос, влез и гробна комора, укажува на економската моќ на покојникот за кого објектот бил подигнат, така и за населбата која во 5-от век пред н.е. била една од поважните во регионот. Според своите карактеристики Гробницата кај Бразда претставува уникатен примерок од својот вид пошироко на Балканскиот полуостров, поради што е ставен под заштита на државата, како споменик на културата од прва категорија.
Поради недоволните финансиски средства кои се вложуваа во истражувањето, културната и туристичката валоризација и презентација на гробницата, целиот локалитет и неговата околина беа во незавидна лоша состојба поради што истиот беше непознат во пошироката јавност, особено во смисла на вистинска туристичка атракција.
Здружението Археологика поддржано од програмата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ во 2012 и 2013 година спроведе активности со кои овој запушетен локалитет се претвори во нова туристичка атракција – прв археолошки парк во Р. Македонија „Архео Парк Бразда“.
За првпат овој локалитет беше исчистен од дива вегетација и ѓубре, партерно и хортикултурно уреден, пристапен за посетители и промовиран преку медиуми, интернет сајтови, социјалните мрежи и информативни флаери. Интересот за архео-паркот и неговата посетеност беа на завидно ниво.
Сепак неговата местоположбата, која мора да се признае придонесува за неговата атрактивност, условува брз напредок на вегетацијата, па со тек на време, по последните интервенции во 2014 год. , целиот претходно партерно уреден простор се најде под зелена покривка, но и самата монументална гробница. Беше неопходно да се интервенира.
Овој пат раководителот на проектот, кој е воедно и неговиот идеен творец, Радомир Ивановиќ, проектот го изведе во соработка со здружението МЕНЕЛАЈ – Прилеп (првично ОПШТЕСТВО И НАУКА – Прилеп), а финансиски поддржан од Министерството за Култура на Р. Македонија.
Со првите активности за реализирање на проектот “Оддржување, промоција и презентација на Архео Парк Бразда” с. Бразда се започна во месец Јуни, а од наредниот па се до Октомври, архео-паркот беше континуирано, хортикулутурно одржуван. Во месец август, во дводневна волонтерска акција, се пристапи кон расчистување на коритото на селската река од смет кој го оневозможуви нормалниот тек на реката и предизвикуваа поплави.За потребите на овие активности беа ангажирани членови на ЗГ Институт за археолошки истражувања – Скопје , ЗГ Општество и Наука – Прилеп, волонтери и локалното население. За промоција на архео-паркот ангажирано беше ЗГ Институт за археолошки истражувања – Скопје да го изработи и постави web site-от за локалитетот www.arheoparkbrazda.mk кој е достапен за целокупната јавност.