За нас

МЕНЕЛАЈ – Прилеп е правен субјект кој постои од 2015 година. Седиштето на МЕНЕЛАЈ е во Прилеп, но неговата активност не е ограничена на територијата на оваа општина. Станува збор за младо здружение чии основни цели се истражување, промоција, популаризација и заштита на културното наследство во Македонија.

Вакапоставените цели, здружението, ги остварува преку бројни активности: изведба на теренски и кабинетски истражувања на движното и недвижно културното наследство; организирање на научни и научно – популарни конференции, семинари, предавања; алармирање на надлежните институции за културно наследство под закана и покревање иницијативи за заштита; изработка на студии, изведба на конкретни проекти и давање услуги во сферата на промоцијата на културното наследство и неговиот менаџмент; издавање на научна и научно – популарна литература која го третира културното наследство.